Прв тјунинг на Mercedes X-Klasse

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот пикап на Mercedes-Benz ќе биде доработен, а предлогот дојде од германското ателје Prior Design. Со оглед на тоа што тјунингот не е целосен и моторот останува непроменет, доработките ќе предизвикаат интерес кај автомобилските фанови.

Промените на Prior Design се само од оптичка гледна точка, но се две – спортска и СУВ. Во првиот случај автомобилот е „премногу зафатен“ со алуминиумски бандажи и нископрофилни гуми, а исто така е снабден и со нов преден браник со интегрирани ЛЕД светла и со поголеми отвори за воздух.

Во вториот случај пристапот е целосно спротивен. Автомобилот располага со офроуд гуми, а браникот е груб и прилагоден за тешко пристапните места. И во двете доработки пикапот изгледа многу поизразен во споредба со основната верзија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK