Од Alfa Romeo потврдија – “Ви подготвуваме нешто ново за Женева”

ОБЈАВЕНО НА:

Веќе неколку денови италијанските медиуми, повикувајќи се на извори од Alfa Romeo пишуваат за новитетот што италијанскиот производител ќе го претстави во Женева следниот март.

Наголемо се шпекулира дека Alfa Romeo ќе го претстави новиот SUV кој ќе се позиционира под Stelvio, а огнот и адреналинот кај фанатиците на Alfa Romeo го подгреа Берџ Алексаниан, бренд менаџерот на Alfa Romeo за САД кој изјави дека италијанскиот бренд во швајцарскиот град Женева ќе претстави нешто ново.

“Alfa Romeo ќе биде во Женева со сите свои сили, со нашата победничка линија и секако нешто сосема ново” изјави тој додавајќи дека се ќе биде познато на 5. март кога и започнува најпопуларниот саем за автомобили во светот.

Во изминатиот период немаше никакви најави од страна на Alfa Romeo за новиот SUV кој би бил конкурент на Volvo XC40, Jaguar E-Pace и BMW X1 нешто што не е својствено за овој производител кога се во прашање новитетите. Само за споредба најавата на Stelvio и Giulia траеше една година во која Alfa Romeo објавуваше тизери и слично.

Иако медиумите најголеми шанси даваат на новиот SUV, сепак помали се шансите на овој саем да ја видиме новата Giulietta за која претходно беше потврдено дека на овој саем ќе биде претставен фејслифт изведбата, а постојат шанси да биде претставена и купе изведбата на Giulia.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK