Нов претседател – ново возило: Макрон се вози со новата верзија на Peugeot 5008

ОБЈАВЕНО НА:

Францускиот претседател Емануел Макрон на својата инаугурација се возеше со DS 7 кросовер. Сега на прославата на независноста се појави со друг модел од PSA, новиот Peugeot 5008 на манифестацијата на која се прославуваат 228 години од француската револуција кога беше прекината Француската монархија.

Според производителот, “Претседателскиот автомобил е уникатно возило, со специфични прилагодувања што ги задоволуваат барањата за зголемена безбедност”. Не беа откриени други детали, но претпоставуваме дека веројатно е отпорен на куршуми и опремени со работи како систем за филтрирање на воздухот, специјална комуникациска опрема и слично.

Макрон очигледно се гордее со презентирањето на производите на домашната автомобилска индустрија во Франција. Групата PSA, исто така, достави специјален DS 7 кросовер со отворен покрив за инаугурацијата на Макрон пред два месеца. За разлика од претходната 5008 кој беше минивмен, новиот модел е кросовер SUV кој ја дели својата EMP2 платформа со DS 7 (меѓу бројните други модели на Peugeot, Citroen, DS и Opel). Се произведува во Рен, заработувајќи ја етикетата за француска гаранција за потекло.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK