Новиот VW Touareg без камуфлажа

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот Volkswagen Touareg ќе биде претставен oфицијалнo наскоро, a фотографите на Auto Bild успеаја да фатат големиот СУВ речиси без маска.

Некогаш заоблениот изглед на моделот сега ќе има по остри линии и дизајнот ќе биде ориентиран кон Tiguan. Иако моделот од висока класа значително расте во должина и речиси достигна пет метри, тој е полесен од досегашниот.

Се очекува возилото да тежи дури под два тона. Благодарение на поголемото меѓуоскино растојание како и Q7, и може да се нарача со трет ред седишта.
За погонот ќе се грижи подобрениот 3 литарски V6 TDI, кој ќе генерира 270 КС. Ќе има исто бензински V6, како и Plug-in хибрид. Премиерата е закажана за саемот во Франкфурт во септември.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK