Hyundai Kona фатена без камуфлажа

ОБЈАВЕНО НА:

Корејската компанија објави официјално неколку тизер фотографии за новиот мал кросовер Kona, а брзо би требало да биде и официјалната промоција. Во меѓувреме автомобилот е фатен како се тестира на улиците во Лисабон, Португалија и тоа без камуфлажа. Тоа укажува на фактот дека возилото е веќе подготвено.

Името Kona го добива по регион на Хаваи. Во Лисабон било официјалното подготвување на новата реклама за Kona. Возилото го одликува оригинален и необичен дизајн.

Треба да биде ривал на Nissan Juke и другите конвенционално дизјанирани субкомпактни кросовери во овој конкурентен сегмент. Се претпоставува дека ќе биде достапен само со погон на преднит етркала и базиран на моделот i20, но моторите ќе бидат од поголемиот брат i30. Дизајнерите успеале да направат добра работа, бидејќи не се препознава дека моделот е базирана на i20.

Типично за овие возила е што се подигнати од подлогата, а има и пластична заштита за каросеирјата околку тркалата и на пониските делови од браникот.
Kona треба да биде промовиран на саемот во Франкфурт во септември, но сигурно претходно ќе бидат објавени сите детали за моделот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK