Трамп не ги плаши: BMW останува на планот да гради фабрика во Мексико

ОБЈАВЕНО НА:

Заканите дека се можни високи царини за возилата што ќе се продаваат во САД а не се произведени таму не ја смени одлуката на BMW за инвестирање во нова фабрика во Мексико вредна 1 милијарда долари.

Трамп неодамна се закани дека воведе такси од 35 отсто за увезените возила сакајќи да ги натера сите автомобилски компании да инвестираат во САД.

Иако заканата стигна од новоизбраниот претседател на САД во BMW остануваат на првичниот план, и ќе заврши изградбата на новата фабрика во Сан Луис Потоси каде треба да се произведуваат до 150.000 воизла годишно од следната генерација на серија 3 и тоа од 2019 година.

На листата на компании на кои Трамп им се закани беа и Toyota и Ford, а токму Ford го откажа градењето на фабрика во Мексико.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK