Македонски камиони од Велес ќе се користат за чистење на светските метрополи

ОБЈАВЕНО НА:

Камиони произведени од македонската компанија Брако се извезуваат во САД, Кина, Англија, Германија, Белгија, Романија, Турција и Данска. Со договорот постигнат со Green Machine оваа македонска компанија има почетни нарачки од 200 висококвалитетни возила за градско чистење кои ќе се гледаат низ светските метрополи.

Први возила кои ќе излезат од производната линија се моделот GM500ze, возило кое работи потполно на електричен погон и не остварува никаква емисија на штетни гасови и GM636, моделот кој се движи на високо ефикасен дизелски погон со многу ниска емисија на CO2. Двете возила располагаат со контејнер од 1,2м3 што ги прави исклучително практични за својата намена.

Планираното производство за првата година изнесува, пет возила неделно, односно 200 возила годишно, а компанијата Брако наскоро ќе ја зголеми својата линија за уште 2 нови помали возила без кабина. Најголем дел од овие возила ќе се појават во градовите низ САД, Кина, Велика Британија, Германија, Бенелукс, Скандинавија, Романија, Турција, и уште многу други земји низ целиот свет.
Компанијата Брако е дел од групацијата Фероинвест, каде има околу 800 вработени лица, претежно инженери.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK