Лука де Мео со големи амбиции – следи пресвртница во Renault?

ОБЈАВЕНО НА:

Од 1 јули годинава на позицијата главен извршен директор на Renault Group доаѓа Лука де Мео, довчерашниот прв човек на Seat.

Неговото доаѓање се случува во врмее кога Renault е видно ослабен и се наоѓа во тешка финансиска состојба. Тоа пак е последица на конфликтите во Renault-Nissan-Mitsubishi Алијансата кои ескалираа по апсењето на Карлос Гон.

Оттука, главните задачи на де Мео се: консолидирање на односите внатре во Алијансата и обезбедување финансиска стабилност на Групацијата. Во првата своја изјава де Мео изјави дека ќе направи се што е во негова моќ да го врати прозиводителот на врвот во индустријата обезбедувајќи одлични финансиски перформанси.

Истовремено, тој е Француските медиуми пишуваат дека де Мео во никој случај нема да дозволи гаснење на брендот Alpine, а побарал да не се брза и со одлуките за гасење на неколку модели на Renault како Megane и Talisman.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK