Honda го претстави обновениот WR-V чиј основен модел чини 10.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Honda го претстави рестајлингот од првата генерација на кросоверот WR-V (Winsome Runabout Vehicle).

Станува збор за кросовер кој е претставен во 2017 година, а е наменет за пазарите во Индија и Бразил како и околните земји. Токму и во овие две земји во моментов се произведува овој модел, а и натаму ќе продолжи да се произведува и рестајлингот.

Подновениот WR-V во поглед на димензиите е идентичен како и оној од првата генерација (долг е 4 метри), но со малку зголемен клиренс. Идентична и натаму останува понудата на мотори. Така во пондудата остануваат 1,2 литарскиот и 1,5 литарскиот бензински мотор како и 1,5 литарскиот дизелски мотор кој ќе биде понуден само во Индија. Во зависност од нивото на опременост како и моторот, овој модел ќе биде достапен со пет и шест степен мануелен и шест степен автоматски менувач.

Honda WR-V

Во однос на екстериерот, промени има само во предниот и задниот браник, а додадени се и странични бампери. Незначителна измена има и во внатрешноста.

Honda WR-V

Во понудата рестајлингот доаѓа со два нивоа на опрема. Основната верзија во Индија чини 10.000 евра, а во продажб достапа ќе биде од следниот месец.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK