Експанзијата на Nissan продолжува – Magnite премиерно на 16 јули

ОБЈАВЕНО НА:

И покрај интерните проблеми со кој се соочува Nissan не отстапува од зацртаниот план за експанзија на понудата. Откако го претстави подновениот Juke, новиот Kick, а најави уште неколку други модели, јапонскиот производител го потврди доаѓањето на новиот модел Magnite.

Станува збор за модел кој се базира на CMF-A+ платформата која ја користат неколку модели од Renault-Nissan-Mitsubishi Алијансата. Оттука Magnite ќе дели бројни компоненти како и Capture.

Тоа значи дека ќе располага со 1,0 литарски бензински мотор со 72 КС и 96 Nm. Тука ќе биде и помоќниот мотор со 95 КС. Не се очекува помоќна мотористика од проста причина што станува збор за мал SUV со околу четири метри должина.

slider image

Премиерата на овој модел е закажана за на 16 јули кога ќе бидат откриени сите детали. Во сериско производство ќе се појави на почетокот на следната година. Засега останува непозната цената како и пазарите на кои ќе биде понуден.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK