Големо поевтинување на цените на горивата – до 3 денари за литар

ОБЈАВЕНО НА:

Новите цени на горивата стартуваат од ноќеска на полноќ. Со денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, горивата ќе поевтинат за 3, односно за 2,5 денари по литар.

Според новиот ценовник, бензинот „Супер 98“ поевтинува за три денари и ќе се продава по цена од 69,00 денари за литар, а за исто толку се намалува и „Супер 95“ и литар ќе чини 66,50 денари. Цената на дизелот се намалува за 2,5 денари и ќе изнесува 60,00 денари за литар.