Нова спортска дисциплина – авто карлинг!

Русија е позната по студените зими, а нејзините граѓани изнаоѓаат невообичаени начини за забава. Еден од тие начини е и новиот спорт – авто карлинг!

Ако незнаете што е карлинг, тогаш веројатно и за оваа нова дисциплина ќе ви треба објаснување. Правилата се исти, само наместо кегли има автомобили. Целта е со возилото да бидеш во центарот или што поблиску до него, а ривалскиот тим настојува да те избутка и тој да биде на тоа место.

Четвртиот град по големина во Русија, Екатеринбург организираше турнир на кој учествуваа четири тимови и 10 возила, на голема замрзната површина.

Победникот да турнирот освои награда од 100.000 рубљи (околу 1.600 долари)