Турција со најдолга велосипедска патека во светот (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Турција и официјално може да се пофали дека ја има најдолгата велосипедска патека во светот. Станува збор за новоизградена патека која се наоѓа долж медитеранскиот брег на Турција.

Оваа велосипедска патека ги поврзува Самандаг и Арсуз, градови во јужната турска провинција Хатај и е со должина од 25 километри.

Целта на овие патеки е да се промовира алтернативната мобилност, здравиот начин на живот, но и да се привлечат туристи.

Оваа патека е само вовед во проектот според кој до 2023 година во Турција ќе бидат направени нови велосипедски патеки со вкупна должина од 4.700 километри.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK