Велосипед од 18.000 долари – дело на Cervelo и Lamborghini

ОБЈАВЕНО НА:

Популарноста на велосипедите секојдневно бележи пораст. Заедно со оваа популарност речиси секојдневно се појавуваат и модели кои се продаваат по астрономски цени.

Канадско-холандската компанија за производство на велосипеди и рамови за велосипеди заедно со Lamborghini создадоа специјална едиција на велосипед.

Cervelo R5 Automobili Lamborghini Edition е целосниот назив на овој велосипед кој ќе чини 18 илјади американски долари.

Cervelo R5 Automobili Lamborghini Edition

Сепак, покрај пари, за да бидете сопственик на овој велосипед ќе мора да имате и малку повеќе среќа бидејќи е предвидено производство од не повеќе од 70 примероци.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK