Снимена ST изведбата на Ford Puma

ОБЈАВЕНО НА:

Ford годинава го претстави новиот модел Puma, а веднаш потоа се појавија гласини и за можното лансирање на ST изведбата. Сега сето тоа се официјализира откако магазинот motor1 објави шпиунски фотографии од оваа изведба.

Станува збор за фотографии направени за време на тестирањето на овој автомобил па оттука и не може да се открие многу околу екстериерот.

Она што се знае е дека оваа спортска верзија ќе добие aero body kit односно ќе дојде со значително изменети предни и задни браници, прагови, заден дифузор како и задни кровни спојлери. Се очекува во внатрешноста да има спортски седишта, изменет управувач како и спортски педали.

Под хаубата би можело да се најде 1.5 литарски трицилиндричен EcoBoost турбо бензински мотор, истиот оној кој се наоѓа кај Fiesta ST, а кој располага со 200 КС и 290 Nm вртежен момент.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK