Nissan Rogue Dogue Concept – комфорен превоз за вашето куче

ОБЈАВЕНО НА:

Сѐ почесто семејствата решаваат своите миленици, особено кучињата да ги носат со нив на патувања. А тогаш е проблем како да се сместат, да им биде удобно и пред сѐ да ги имаат сите удобности, но и потребни средства за сопственикот да може да интервенира за секоја ситуација.
Nissan на саемот во Њујорк покажува втор проект базира на Rogue студијата, односно како да го држите вашиот пес среќен за време на возењето.

Овој Dogue Concept ги нуди сите удобности, вклучувајќи и прскалки од 360 степени за туширање и систем за сушење.
Во истражување направено на 400 сопственици на кучиња, дури 83 отсто изјавиле дека им е важно нивниот пес да да биде сигурен и да му биде удобно во возилото, исто како и на другите патници.

Меѓу другите работи што ги има овој концепт се наоѓа и подлога што лесно се чисти, два диспанзера, за јадење и вода, рампа за влегување во возилото, туш и интегриран систем за сушење. Исто така има и преслека на задните седишта за истите да останат чисти.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK