Купи го сега – добиј го за четири години

ОБЈАВЕНО НА:

Суперспортските автомобили се произведуваат во ограничена серија и чинат многу пари. Но, истовремено не е едноставно да се дојде на ред да се биде сопственик на некое вакво ретко возило. Понекогаш ниту парите не се пресудни. Едноставно, трпение – спасение.

Ниту 2 милиони долари нема да ви донесат предност за нов Koenigsegg. За тоа ќе ви требаат и други работи. На саемот во Женева, основачот и идеолог на овој бренд на супер автомобили, Кристијан вон Коенигсег откри интересен податок. Постои листа на чекање од четири години за да се биде сопственик на ваков автомобил. Едноставно кажано, ако сега истиот го нарачате, ќе го добиете во 2021 година.

Во компанијата велат дека работат на намалување на времето на чекање, и сакаат тоа да се скрати на најмногу 2-2,5 години. Во моментов е тешко да се продаде автомобил ако постои толку долг период на чекање за испорака. Постојат сѐ поголем број купувачи заинтересирани за овие возила, па затоа мора нешто треба да се менува.

Една од причините за доцнење на испораките на нарачаните возила е што шведската компанија произведува и V8 мотори по нарачка за нивниот нов партнер Spyker. Годинава Koenigsegg сака да има 25 испораки, но и да се искачи на 30 возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK