Kако Mercedes тестирале ABS технологија во 70-те години (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Дефинитивно ABS системоt (Anti-lock Braking System) е најголем виновник за спасување на животот на милиони лица ширум светот.  Овој систем за сигурност овозможува спречување на блокирањето на тркалата при сопирање. Овој систем оневозможува лицето кое го управува возилото да го изгуби контрола над возилото во моментот кога кочи.

За почеток на развојот на современиот ABS се смета 1971 година кога Chrysler го воведе т.н. “Sure Brake” систем во моделот Imperial. Истата година и Nissan станува првиот јапонски производител кој воведува сличен систем именуван како EAL (Electro Anti-lock System) во моделот President. Истата оваа година идентични системи воведуваат и Toyota и Fiat.

Секако, голем придонес за развојот на современиот ABS има и Mercedes-Benz. Токму овој германски производител е првиот кој успееа да го имплементира овој систем во целата своја понуда.

Деновиве на интернет се појави видео на кое може да се види како овој производител ја тестира оваа технологија на камиони и автобуси, а како сето тоа изгледало во 70-те години на минатиот век можете да погледнете на видеото во продолжение.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK