Кога ВАЗ-2103 вреди колку Mercedes или Porsche (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Зелен седан ВАЗ-2103 „Жигули“ со минати 109 км. се продава за 55.000 евра на рускиот сајт Auto.ru. Интересно е што за таа сума може да се купи нов Porsche Macan или Mercedes Benz SLC.

Според продавачот на возилото, се работи за музејски експонат о дприватн аколекција што бил чуван во просторија со температура до 18 степени и тоа 38 години. Сите оригинални печати и ознаки се сочувани.

Автомобилот има 1.3 литарски мотор со моќност од 69 КС, а моделот ВАЗ-2103 е луксузна верзија на моделот 2101. Има полуксузна внатрешност, подобрена звучна изолација. Во периодот од 1972 до 1984 се произведени повеќе од 1,3 милиони вакви возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK