Обновениот дизелски мотор за Honda Civic ќе троши 3,7 литри

ОБЈАВЕНО НА:

Европскиот оддел на Honda најави дека од март следната година новата генерација на Civic ќе се нуди и со нова дизелска модификација. Од Honda коментираат дека 1.6 литарскиот i-DTEC дизел погонски агрегат е сериозно ревидиран, и е еден од првите мотори тестирани според барањата WLTP во реални услови на патот.

Како резултат на направените оптимизации и конструкторкси промени од инженерите на Honda кај дизелскиот мотор има сериозни подобрувања во однос на работата на агрегатот. Просечната потрошувачка на гориво на модификацираната верзија е 3,7 литри на 100 километри, а СО2 емисиите се само 99 грама на километар.

Овој 1.6-литарскиот i-DTEC дизел мотор на Honda е во состојба да генерира максимална моќност од 120 КС при 4.000 вртежи во минута и максимален вртежен момент од 300 Nm при 2000 вртежи во минта. Со негова помош, Civic може да се забрза од 0 до 100 км/ч за 10,4 секунди.

Ревидираниот дизел мотор се составува во фабриката на Honda во Свиндон, Велика Британија, и ќе биде достапен од следната година како кај верзјијата со пет врати, така и верзија со четири врати на Civic.

Кон средината на следната година, новиот Civic ќе се нуди и со деветстепен роботизирана менувач што ќе биде уникатно за автомобилската индустрија.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK