Ќерката го натерала да направи мотоцикл со едно тркало

ОБЈАВЕНО НА:

За да и ја исполни желбата на сопствената ќерка на инженерот Крис Хофман му требале шест години и три прототип модели. А таа посакала нејзиниот татко да направи електричен мотоцикл со едно тркало како што имало во видео игрите. Сега компанијата Ryno Motors од Портланд го произведува овој мотоцикл.

Хофман сопствениот мотоцикл го опишал како ултра ефикасен, урбан и индивидуално превозно средство на следната генерација за движење на кратки релации. Тоа претставува комбинација на Сегвеј и класичен електричен мотоцикл.

Возилото има систем за самобалансирање, се движи со помош на 2 електромотори кои добиваат струја од 2 мали батерии. Над тркалото со пречник од 15 цола се наоѓа седиште што се мести, а на малиот мотоцикл има и место за полнење на мобилен телефон.

Ryno има маса од 72 кг. а батериите се проектирани да може лесно да се заменат со нови кога ќе се испразнат. Може да се полнат и на обичен штехер за струја за околу 6 часа. Со полни батерии мотоциклот може да мине до 24 км.

Мотоциклот не е многу брз, и максималната брзина му е 15-тина километри на час.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK