Mercedes AMG се откажува од задниот пренос

ОБЈАВЕНО НА:

Сите нови модели на Mercedes-AMG, вклучувајќи го и спортскиот автомобил AMG GT веќе нема да се нудат во варијанта само со заден пренос. Тоа лично го кажа и шефот на Mercedes-AMG Тобиас Моерс.

Поконкретно станува збор за претстојните нови генерации на автомобилите со индекс AMG, кои од 2021 година ќе бидат само и единствено со 4х4 систем за пренос кон тркалата.

„Поради желбите на купувачите, компанијата не гледа смисол да влегува со средства во автомобили само со заден пренос. Кога нудиме AMG E-Klasse со заден пренос и опција за 4х4, 90% од продадените автомобили беа со целосен пренос. Сега, со новиот Е63 со лебдечки режим, имате 4х4 автомобил кој има функција само на заден пренос и тоа е сосема доволно. Дојдовме до заклучок дека задниот пренос е недостаток за AMG во смисол на практичност и безбедност“, вели шефот на Mercedes-AMG, Тобијас Моерс.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK