Глобална анкета: Дури 40 отсто би купиле електрично возило

ОБЈАВЕНО НА:

Според една опсежна и глобална анкета спреведена во 52 различни земји покажала дека дури 40 отсто од испитаниците, возачи на моторни возила размислуваат да купат електрично возило во следните пет години.

Истражувањето било направено од Dalia Research и офатило 43.000 луѓе кои искажале подготвеност да бидат сопственици на електрично возило во следните неколку години. Од испитаниците, 31 отсто од испитаниците од САД и Канада се подготвени или пред конечна одлука своите бензински или дизелски мотори да ги сменат со електрични.

Највисок процент на луѓе кои размислуваат за електрични возила се во тајланд каде процентот е 66 отсто. Кинезите исто така сакаат да го „фатат возот“ и да имаат електрично возило – 58 отсто.
Интересно е што за електрични возила се размилсува и со Саудиска Арабија, и тоа 45 отсто, а во Германија тој процент е 22 отсто.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK