Lamborghini нема повеќе да учествува на саеми

ОБЈАВЕНО НА:

Саемите од година во година губат се повеќе на својата популарност. Доказ за тоа е се помалата посетеност на истите. Оттука многу производители учествуваат на една, две, саемски манифестации, а како алтернатива пронаоѓаат други начини на промоција на своите автомобили.

Lamborghini е првиот производител на автомобили кои јавно објави дека нема повеќе да учествува на класичните саемски манифестација.

Од италијанската компанија најавуваат дека во наредниот период ќе се насочат на алтернативни и не толку ексклузивни настани каде ќе ги промовираат своите супер спортски автомобили.

Последен саем на кој учествуваше овој производител е саемот во Франкфурт минатата година каде го претстави моделот Lamborghini Sian FKP 37.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK