Ford ќе произведува автомобилски делови од кафето на McDonald’s

ОБЈАВЕНО НА:

Американските гиганти Ford и McDonald’s ќе соработуваат заедно на производството на делови за автомобили.

Како што пренесуваат американските медиуми, овие две компании постигнале договор па наскоро ќе треба да започне и пробното производство. Станува збор за отпадот од кафето кое ќе биде собирано, а потоа и дистрибуирано до производствените центри на Ford.

“Двете компании открија дека остатоците од кафе ќе може да бидат трансформирани во многу отпорни материјали кои се одлични за производство на автомобилски делови” се наведува во соопштението на Ford.

Остатоците од кафето ќе се загреваат на високи температури со мало присуство на оксиген, потоа ќе се мешаат со други компоненти при што е очекува деловите да бидат полесни и за 20%.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK