Австрија има дава по 200 евра на жителите од руралните места поради слабите врски со јавен превоз

ОБЈАВЕНО НА:

Австрија во понеделникот објави дека ќе започне со наплата на такси за јаглерод од 2022 година и паралелно ќе ги намали даноците на доход и приход, како дел од промените во даночниот систем што треба да ја поттикнат заштитата на животната средина и економскиот раст.

Од 2022 година, владата ќе собере 30 евра данок по тон јаглеродни гасови, и 55 евра од 2025 година, и ќе ги ублажи повисоките трошоци за превоз и греење со „ваучери за климата“.

Жителите на урбаните средини ќе добиваат 100 евра годишно, а жителите на руралните области 200 евра, поради послабите врски со јавниот превоз.

Владата, исто така, планира да ја намали стапката на данок на добивка од 2024 година од 25 на 23 проценти и ќе го намали данокот на доход во две даночни групи.

Од следната година, детскиот додаток ќе се зголеми за 500 евра, на 2.000 евра, додека ќе се намали придонесот за здравствена заштита на граѓаните со ниски примања.

Промените ќе резултираат со кумулативно намалување на данокот од 18 милијарди евра до 2025 година, соопшти владата.

Пакетот ќе обезбеди економски раст и нови работни места што ќе ги компензираат намалените даночни приходи и односот долг кон БДП ќе се намалува со текот на годините, рече министерот за финансии Гернот Блумел.

Канцеларот Себастијан Курц, чии конзервативци владеат во коалиција со Зелените, го нарече пакетот „најголемата промена во даночниот систем во модерната австриска историја“.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK