Дали знаете кој е првиот добитник на наградата “Европски автомобил на годината”?

ОБЈАВЕНО НА:

Наградата за Европски автомобил на годината (скратено ECOTY) е најпрестижната награда која се доделува во автомобилската индустрија. За прв пат е доделена во далечната 1964 година, а истата тогаш ја додели стручно жири составено од професионални авто новинари од повеќе европски земји.

Но дали знаете кој автомобил е првиот кој ја доби оваа престижна награда?

Тоа е автомобилот Rover 2000 кој во 1964 година со 76 поени заврши на првата позиција. На втората позиција со 64 поени заврши Mercedes 600 додека пак на третата позиција со само 31 поен заврши Hillman Imp.

Rover 2000 на пазарот се појави 1963 година. Како седан прерасна во вистински хит произведувајќи се во 208.875 примероци во периодот од 1963 па се до 1973 година.

Инаку британскиот производител Rover само два пати ја доби оваа награда во својата историја. По моделот 2000, и моделот 3500 во 1977 година ја доби оваа награда.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK