Заборавете на телефонот додека возите – причина за една четвртина од сообраќајките

ОБЈАВЕНО НА:

Дури 26 проценти од сообраќајните несреќи во Европа во 2019 година се предизвикани од одвраќање на вниманието на возачот од разговор, СМС порака или од сурфање на интернет на телефон, вели статистиката која ја има направено германската организација, ТUV.

Студијата покажува зачудувачка зависност, која според експертите се зголемува, ако не бидат земени построги мерки. Тоа, кое фатално го одвлекува вниманието на возачите е покажано во проценти, што се меко кажано алармантни.

Ова необично рангирање се води од пишувањето на текстуални пораки – 64%. Речиси 30 проценти од возачите си ја читаат својата е-mail пошта за време на возењето, а 25% сурфаат во мрежата.

Само 25% гледаат Фејсбук зад воланот, додека 19% прават селфи фотографии.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK