Новиот мотор на Golf ќе работи на 2 цилиндри!

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen објави дека моделите VW Golf и VW Golf Variant добиваат нов бензински четирицилиндричен мотор кој доаѓа со ниска потрошувачка на гориво, благодарение на неколку интересни инженерски решенија.

Новиот 1.5 TSI агрегат ветува максимална моќност од 130 КС, а од компанијата коментираат дека моторот ќе им понуди на корисниците динамично возење, во комбинација со ефикасност на потрошувачка на горивото. Според официјалната информација, просечната потрошувачка на гориво на 100 километри на новата модификација на Volkswagen Golf е меѓу 4,8 и 5 литри, а CO2 емисијата е меѓу 110 и 116 грама на километар.

Новиот четирицилиндричен турбо мотор на Golf е со максимален вртежен момент од 200 Нм, што е постојан од распон од 1.400 до 4.000 вртежи во минута. Новата модификација на Golf и Golf Variant доаѓа и со т.н. Coasting функција, при што, при брзина на движење од 130 км/ч., моторот се исклучува целосно, кога возачот ќе ја тргне ногата од педалот за гаста. Потребната за функционирањето на подсистеми, како климатизација, светла, и други системи, електрична енергија се добива од компактната литиум-јонска батерија.

За постигнување на пониска просечна потрошувачка на гориво, модифицираниот 1.5 TSI мотор доаѓа и со функција за исклучување на два од четирите цилиндри кога моторот работи во опсег од 1.400 до 3.200 вртежи во минута и зависно од оптовареноста на погонскиот агрегат.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK