Возило од марката Volvo произведено уште во 1981 година се најде на продажба и беше продадено за за сума од 216.000 долари. Станува збор за Volvo кое до 1998 година било во сопственост на познатиот пејач Дејвид Боуви. Тој со возилото изминал 53.000 километри, а нема податоци во чија сопственист било после 1998 година.
Инаку, возилото Volvo 262C било на аукција во Швајцарија, а почетната сума била 77.000 долари. Самиот факт што Дејвид Боуви бил зад неговиот управувач долго време и ја кренало цената така што е стигнато до рекордната сума од 216.000 долари.
Автомобилот е еден од последните од моделот, а каросеријата била изработена во италијанското студио Bertone. Италијанците ја користат базата на моделот Volvo 200, кое е првото премиум купе во моделната гама на Volvo.
![](https://24auto.mk/wp-content/uploads/2020/06/viber.png)
Следете не и на:
![](https://24auto.mk/wp-content/uploads/2020/04/facebook-1.png)
![](https://24auto.mk/wp-content/uploads/2020/04/instagram-1.png)