Користете ја климата рационално и повремено

ОБЈАВЕНО НА:

Летото е веќе стигнато, а со него и топлото време, понекогаш и неподносливите жештини, кои се приближуваат до 40 степен. А тогаш сите сакаат да го користат можеби најпосакуваниот додаток на автомобилот - клима уредот.

Без разлика колку е жешко, а сте испотени, немојте да ја користите климата на минимум. Тоа е сигурна карта за настинка. Најдобро е да се намести температурата внатре во возилото за 3 до 5 степени пониска од онаа што е надвор. Немате клима, а живеете во град што е познат по сообраќаен метеж, без разлика колку е тој голем, тогаш во текот на летото сте во големи проблеми. А доколку го немате тогаш веројатно и нема смисла дополнително да се вградува.

Како прво цените се високи, а како второ, малку фирми во Македонија знаат тоа да го сработат стручно и професионално. Од друга страна при вградување на клима уред во автомобилот потребно е да се „раскопа половина автомобил“.
Треба да се отстрани целата арматура со сите приклучоци, а таа по правило е споена со пластични спојувачи за еднократна употреба. Без оглед како потоа арматурата ќе се фиксира, никогаш повеќе не може да биде подеднакво компатибилна како фабричката. Не дека можеби нема да може да се спои, но сигурно на некои места ќе биде недоволно добро споено и ќе се појавува крајно иритирачки звук, но, и вибрации. Ако дојде до тоа речиси е сигурно дека нема враќање назад. Не се работи за никаков дефект што може да се отстрани, туку за звук за кој 99 отсто од механичарите ќе ви кажат дека е нормален.

Пред почетокот летните горештини треба да го сервисирате клима уредот во возилото, за да може подобро да лади и да троши помалку гориво. Познато е дека секој клима уред троши повеќе енергија на моторот (ја намалува силата и ја зголемува потрошувачката на гориво), а со тек на време му се намалува и ефикасност. Затоа подобро е сервисирањето да се направи додека не почнале горештините и додека не сте почнале да го планирате патувањето на одмор. Истовремено сега полесно може да се најде термин во овластените сервиси. Клима уредите првенствено трошат енергија на моторот, и тоа за покренување на компресорот. Така корисната сила на моторот се намалува за пет до осум отсто (во зависност од големината на моторот), потрошувачката расте за половина литар до еден литар гориво на 100 км, ако е се во ред. Доколку клима уредот не е добро одржуван тогаш потрошувачката може да биде и поголема.

Исклучок се автомобилите под гаранција, бидејќи тогаш треба да работи согласно сервисните упатства и во овластени сервиси. Кај новите возила има најмалку потреба од одржување, а проблемите најчесто доаѓаат поради грешка во производството или некоја скриена мана. Ако вашата гаранција е завршена тогаш не сте обврзани истите поправки да ги правите во овластените сервиси каде сигурно ќе ви наплатат повеќе.

Во текот на сервисот на клима уредот му се проверува притисокот на разладната материја во системот и по потреба се дополнува со течност. Потоа треба да се смени филтерот за воздух, и се проверува целиот систем и сите спојки.
Вградувањето на квалитетни делови и опрема овозможува долговечност и ефикасност на дополнително вградената клима, со минимално зголемување на потрошувачката и загадување на околината. дури потоа клима уредот би бил потполно функционален и најекономичен и продуктивен, најдобро ќе лади со најмал трошок.

При користењето на клима уредот не смее да се претерува, бидејќи може да го загрози здравјето (настинка, запаление на дишните патишта), а истовремено непотребно се зголемува потрошувачката на гориво и се намалува трајноста на клима уредот. Најдобро е да се наместо температурата внатре во возилото за 3 до 5 степени пониска од онаа што е надвор.

Без разлика колку е жешко, а сте испотени, немојте да ја користите климата на минимум. Тоа е сигурна карта за настинка. Ако сте сами во возилото, затворете го отворот на вентилацијата што е најблиску до вас за да го избегнете ладниот воздух да дува директно во вас. Се додека можете немојте да ја користите климата. Разладете во автомобилот се паркирање во ладовина, кога за тоа постои прилика.

И без користење на клима уредот можете да се разладите, ако предните стакла ги спуштите за пет, а задните за два сантиметри. така во кабината ќе има струење на воздухот, а нема да има провев. Со клима уредите треба да се постапува рационално и повремено. Тоа донесува најдобри резултати со минимален ризик од проблеми по здравјето, предизвикани од пречесто користење.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK