Еве како да препознаете дали горивото што го ставате е квалитетно или не!

ОБЈАВЕНО НА:

Квалитетот на горивата има големо влијание на долговечноста на моторот, перформансите на возењето, но и потрошувачката на гориво.

Често знаеме да прокоментираме дека „таму точат сомнително гориво“ или пак додека возиме да кажеме дека горивото не чини.

Генерално, постојат пет знаци кои покажуваат дека горивото кое го имате наточено е со слаб квалитет.

1. Проблем со вбризгување. Ако автомобилот доцни со вбризгувањето кога ја притискате педалата за гас тогаш тоа може да наведува дека има контаминирано гориво во интерната комора за согорување. Доцното вбризгување е најистакнато во случаи кога забрзувате нагло, но автомобилот едноставно не забрзува.

2. Неправилна промени во брзината. Ова често до израз доаѓа кога стапалото ни е поставено на исто ниво и во континуитет возиме со иста брзина, но самиот автомобил ја зголемува или намалува бризната. Причина за ова може да биде и дотраеното масло.

3. Оштетен филтер за гориво. При неквалитетно гориво најмногу страда филтерот за гориво. Прашината, седиментите и други прљавштини кои се дел од горивото придонесуваат за оштетување на горивото.

4. Згаснување на моторот. Лошото гориво може да придонесе да моторот се изгасне додека возите.

5. Тешкотии при стартување на моторот. Ова е исто така најчеста причина која настанува доколку горивото е со помал квалитет односно содржи вода.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK