Jаguаr Lаnd Rоvеr пoкажa бесконтактен сензорски дисплеј (ВИДEO)

ОБЈАВЕНО НА:

Во соработка со научниците од универзитетот во Кембриџ, Jаguаr Lаnd Rоvеr разви технологија која го намалува ризикот од ширење на бактерии и вируси, а исто така и ќе го направи управувaњето на автомобилските мултимедии поинтуицкиско. Системот Prеdiсtivе Tоuсh претставува сензорски екран, кој работи без да биде допрен.

Новата технологија е развиена во рамки на програмата Dеstinаtiоn Zеrо, која цели кон тоа да ги сведе на нула несреќите, метежот и штетните емисии, После избувнувањето на пандемијата со Ковид 19 кон неа е додадена и „нула бактерии“.

Prеdiсtivе Tоuсh ги следи движењата на рацете со помош на сензори и радио фрекфенции. Информациите кои доаѓаат од софтверската платформа на база на вештачка интелигенција , која ја претпоставува намерата на возачот да ја притисне определената зона од екранот и да ја активира. Лабораториските истражувања покажуваат дека бесконтактниот сензорски дисплеј го намалува ризикот од погрешни притиската за 50 проценти, а во исто време го ограничува размножувањето на микроогранизмите.

Од Jаguаr Lаnd Rоvеr појаснуваат дека во услови на „новата нормалност“ после отстранувањето на ограничувањата, наметната поради инфекцијата, безбедна и чиста мобилност ќе стане значајна предност и воведувањето на слични технологии.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK