Сличност на Ferrari и Yugo: И двете возила палат на „буткање“ (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Оние постарите возачи сигурно имале честа можност да ги палат своите автомобили на буткање. Кога клучот не го пати возилото, тогаш резервната варијанта е буткање. Тоа е за оние „постари возила“, но што е со поскапите, милионски вредни автомобили, со спортските модели кои имаат неколку стотина коњски сили?

Тука сигурно можеме да ги споредиме и Yugo и Ferrari. На социјалните мрежи се појави интересно видео од Бразил на кое култниот суперавтомобил Ferrari F50 не успеа да стартува и мораше да биде турнат од неколку луѓе.

На видеото се гледа како Ferrari F50 не стартува, па сопственикот бара помош од минувачите. Шестте мажи брзаат на помош и наскоро моторот на суперавтомобилот врти.

Според првичните информации автомобилот имал проблем со стартерот. Ferrari F50 е редок спортски модел создаден за 50-годишнината на брендот. Автомобилот е опремен со 4,7-литарски V12 мотор со моќност од 520 коњски сили.

Овој агрегат е базиран на моторот на болидот на Формула 1, а во неговата оригинална форма е без стартер. Преработен и инсталиран во F50, може да го забрза автомобилот до брзина од 325 км/ч.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK