BMW M140i со 550 КС јуриша на автопат – колку може да „дигне“ (ВИДЕО)

Во најновото видео на AutoTopNL објавено на нивниот YouTube канал, централно место зазема автомобилот BMW M140i.

Станува збор за автомобил опремен со 3,0 литарски бензински мотор со над 500 КС и осум степен автоматски менувач.

Во видеото холандската екипа го вози овој автомобил на германски автопат без ограничување на брзината, а највисоката брзина која ја постигнува изнесува 292 км/ч.

Видеото можете да го погледнете во продолжение.