Новитет во Европа: Автоматското сопирање ќе биде стандардна опрема

ОБЈАВЕНО НА:

После ABS и ЕSP, уште еден систем за активна сигурност на автомобилот би можел со директива да биде прогласен за задолжителна опрема во новите автомобили. Станува збор за автоматското кочење, за кое голем дел од членките на Европската унија смета дека би требало да биде поставен како стандард.

Ова би можело да помогне во спасувањето на човечките животи, а сигурно ќе биде намалена и материјалната штета. Сепак, ова ќе биде ставено на товар на купувачите бидејќи ќе дојде до посапување и на оние поевтините возила.

Дури 70 проценти од новите автомобили во моментов не се опремени со системот за автоматско кочење. Стандардот е присутен само во високата класа, а во помалите, послабите и поевтините модели ретко некој да се одлучи да го вклучи од списокот за дополнителна опрема.

Истражувањата покажале дека доколку сите автомобили на патиштата низ Европската унија бидат опремени со системот за автоматско кочење бројот на сообраќајни несреќи ќе се смали за 38 проценти. За разлика од Европа, произведувачите на автомобили во САД веќе постигнаа договор и системот за автоматско кочење ќе биде присутен како стандардна опрема во сите модели од 2022 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK