Mercedes ќе им помогне на градовите да ги поправат дупките на патиштата

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител Mercedes-Benz започна пилот програма која ќе им помогне на големите градови да се ослободат од дупките на нивните патишта. Најпрво ќе се користи во Бостон, а доколку е успешен, ќе се користи и во други градови низ Северна Америка. Нема информација дали ваквата пилот програма ќе се нуди некаде и во Европа.

Возилата на Mercedess-Benz ќе им дадат информации на градските власти во Бостон за дупки, нерамните делови на патиштата и други проблеми со патната инфраструктура.

Овие податоци ќе потекнуваат од системи поставени на суспензиите на возила, овозможувајќи им на градските служби побрзо да реагираат на променливите ситуации во различни области на градот и поефикасно да ги распределуваат ресурсите.

Бостон е првиот град во Северна Америка кој ги користи податоците на Mercedes-Benz, но германскиот производител веќе има искуство со слични проекти. Во Европа, компанијата развива програма за истражување на односот помеѓу автомобилот и инфраструктурата и споделува податоци со голем број европски влади.

Претходно, властите во Бостон користеа податоци за акцелерометар и GPS од паметните телефони за откривање на дефекти на патиштата. Благодарение на ова, беше можно да се најдат оштетени инженерски комуникации, кои предизвикуваат проблеми со движењето на жителите на градот со автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK