Како загревање за новата сезона: Македонскиот Twingo Cup гостува на Гробник во Хрватска

ОБЈАВЕНО НА:

Успешната приказна за Twingo Cup што лани првпат се огранизираше и реализираше во Македонија стигна и надвор од границите на земјава, па пред почетокот на новата сезона малите „набилдани“ возила на Renault викендов ќе се тркаат на познатата патека Гробик во Хрватска.

Осум македонски натпреварувачи, викендов ќе имаат шанса за нов омеѓусебно натпреварување, но и за тестирање на своите квалитети на интернационално ниво: И сезонава во Twingo Cup ќе возат: Мартин Делев, Давид Малинковски, Ангелче Стојковски, Емил Нацка, Слободан Трајковски, Иван Стефановски, Владимир Треневски и Мартин Костовски.

На стартот на „Гробник“ ќе се појават дури 30 автомобили Twingo, бидејќи покрај нашите натпреварувачи учество ќе земат и натпреварувачи од Estet Twingo Cup и Italian Entry Cup.

Според првичната програма во сабота (22 февруари) ќе се одржат слободни тренинзи, квалификации и две спринт трки, додека во недела (23 февруари), исто така ќе има тренинзи, квалификации и четири часовна трка во издржливост.

Во натпреварувачкиот куп моделите Renault Twingo се унифицирани и специјално модифицирани од страна на Lema Racing Team со цел да ги има сите безбедносни и брзински карактеристики. За овој куп планирани се 8 трки (4 кружни и 4 ридско брдски) согласно официјалниот распоред на Автомобилистичката федерација. На крајот од секоја сезона првите три места се одвоени парични награди додека пак на крајот од третата сезона како главна награда на купот е 100% електричното возило  Renault TWIZY.

Како помина првата сезона на Twingo Cup во Македонија.

Делев ја освои титулата и 1.500 евра во Renault Twingo Cup