Истражување: Грците најмногу навредуваат додека возат

ОБЈАВЕНО НА:

Возачите од Грција се наоѓаат на делба на првото место со возачите од Франција на неславниот рекорд на изрекување навреди во текот на возење, при што дури 70 проценти признале дека го прават тоа. Ова го покажало најновото истражување на навиките на возачите во Европа.

Во Шведска ова го прават само 34 проценти од возачите. Инаку, истражувањето е напрвено во 11 европски земји и тоа: Франција, Германија, Белгија, Шпанија, Велика Британија, Италија, Шведска, Грција, Полска, Холандија и Словачка.

Една петина од возачите од Франција навеле дека не се истата личност кога ќе седнат зад воланот. Сепак, само шест проценти се доживуваат како агресивни на патот, а тоа го покажало и истражувањето на јавното мислење од Ipsos  за патниот оператор Vinci Autoruts.

На основа на истражувањето околу 88 проценти од возачите ширум европските земји признале дека забораваат на ограничувањето на брзината, но околу 92 проценти од Швеѓаните признале дека тоа го прават. Европската унија соопштила дека околу 22.800 лица го загубиле животот во сообраќајни несреќи во 2019 година низ земјите од унијата.

Среќа што истражувањето на било спроведено во другите земји на Балканот. Кој знае кој ќе беше на врвот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK