Германец по грешка го продаде своето BMW за само 1 евро

ОБЈАВЕНО НА:

Неверојатен настан кој доаѓа од Германијa за кратко го обиколи глобусот. Станува збор за несреќен Германец кој си го продаде своето BMW за верувале или не, едно евро.

Како што пренесува изворно германскиот Automobilwoche, неименуваниот сопственик на BMW автомобил одлучил да користи eBay како побрзо би го продал својот автомобил вреден околу 12 илјади евра.

Но, продавачот по грешка го огласил автомобилот по многу ниска цена, па набрзо се нашол и купувачот кој платил 1 евро. Продавачот оваа грешка ја приметил откако го продал автомобилот па се одлучил да се жали на судот во Франкфурт.

За негова среќа, по неколку рочишта судот пресудил во корист на продавачот, па купувачот останал без автомобилот од само едно евро.

Ова е причина повеќе поради која треба да бидете внимателни при огласувањето на автомобили и други предмети на интернет.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK