Норвежаните потрошија над 50 милиони евра за резервации на EV

ОБЈАВЕНО НА:

Не е никаква тајна дека Норвешка е лидер во поглед на бројот на електрични автомобили низ патиштата. Изминатите неколку години благодарение на поддршката на норвешката влада, но и самата свест на граѓаните, оваа скандинавска земја прерасна во најзначаен пазар во поглед на електричните автомобили.

Последната вест која оди во прилог на тоа е дека во моментов граѓаните на Норвешка имаат депонирано 400 милиони норвешки круни однсно 47,7 милиони американски долари на име на резервации на електрични автомобили. Овие автомобили во наредниот период ќе бидат испорачани на купувачите со што уште повеќе ќе се зголеми застапеноста на електричните автомобили.

Најмногу резервации има за Audi e-tron quattro, а веднаш зад овој модел, се наоѓа моделот 3 на Tesla. На третото место се наоѓа првиот електричен автомобил на Porsche, моделот Taycan. Други популарни модели се Kia Niro, Mercedes-Benz EQC, Jaguar I-Pace, BMW iX3 како и DS Crossback E-Tense.

Инаку 60% од продадените нови автомобили во септември во Норвешка биле електрични, а оваа водечка земја е далеку пред останатите европски земји како што се Холандија, Германија и Швајцарија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK