Audi собира пари за покривање на штетите од дизелгејт

ОБЈАВЕНО НА:

Audi проверува за да види дали ќе му требаат дополнителни пари за покривање на штетите од скандалот со емисијата на ЦО2 во рамките на мајчинската компанија Volkswagen.

VW се согласи да плати најмалку 1,26 милијарди долари за да го поправи или откупи, и да ги обештетеи сопствениците на околу 80.000 загадени 3.0 литарски дизелски мотори, а би можеле да бидат принудени да платат повеќе од 4 милијарди долари доколку регулаторите не одобрат поправка на сите возила, покажуваат судските документи што неделава се појавија.

Во 78.000 возила на VW Touareg, Porsche Cayenne и Audi Q7, A6, A7 и А8 возила со 3 литарски V-6 мотори во моделите произведени во периодот од 2009 до 2016 година се најдени проблематичните софтвери.

Audi веќе обезбеди 980 милиони евра (1,06 милијарди долари) за оваа цел.
Снабдувачот на компанијата, Robert Bosch се согласил да плати 327,5 милиони долари како компензација за сопственците на возилата на VW групацијата со мотори од 3,0 и 2,0 литарски мотори во САД.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK