Казна за пешаците што гледаат во телефон додека минуваат улица

ОБЈАВЕНО НА:

Најчесто возачите се тие што се казнуваат за лошото возење и предизвикување на сообраќајни несреќи, но статистиката вели дека и пешаците во многу случаеви не внимавале и токму поради тоа имало несреќа. Особено во време кога сите комуницираме и сме речиси зависни од мобилните телефони, па постојани погледите ни се вперени во екранот наместо на улицата.

Властите во Хонолулу, Хаваи, усвоија закон според кој полицијата ќе може да ги казни пешаците кои ќе го преминат патот гледајќи во нивните мобилни уреди.
Законот стапи на сила во средата, 25 октомври, па Хонолулу ќе стане првиот град во светот каде што ќе се воведат такви правила. Казната што полицијата може да му ја додели на пешаците со паметни телефони ќе биде до 35 долари.

“Ова навистина е важен закон, кој поставува висок стандард во однос на безбедноста”, рече Брендон Елефанте, член на градскиот совет на град Хонолулу, кој предложи законот.

Според американските власти, бројот на смртни случаи на пешаци минатата година се зголемил за 9%, на речиси 6.000 случаи. Според извештајот на невладината организација Governors Highway Safety Association, овој раст може да е поврзан со сѐ почестото користење на паметни телефони како од пешаците, така и од возачите.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK