За оние со проблематичен стомак: Џебен детектор за глутен за секое патување

ОБЈАВЕНО НА:

Nima Sensor е мал апарат кој го собира в џеб, а е наменет да детектира дали храната која ја конзумирате содржи глутен.
Наменет за сите кои се нетолерантни или алергични на глутен, но особено е згоден за оние кои често патуваат или постојано се во движење и почесто јадат во ресторани отколку домашно зготвена храна.

Според некои официјални податоци, само во САД живеат над три милиони лица кои се алергични на глутен, а кои може да се заинтересираат за ваков детектор на глутен.

Nima Sensor е лесен за употреба. Во него се става примерок од храната штотреба да ја јадете и го вклучувате копчето со кое стратува процесот на анализа. После две минути, детекторот информира дали во храната има глутен. И тоа, уредот може да даде три одговори. Може да потврди дали нивото на глутен е ниско, односно е присутен во траги и станува збор за контаминирана храна со глутен, или информира дека нивото на глутен е високо што значи присуство на храна која содржи глутен. Третиот одговор што го дава овој апарат е насмеано лице и значи дека во храната нема глутен.

Резултатите од анализата може да се аплодуваат и на апликација, која собира рецензии за рестораните кои се во околината, а нудат безглутенски оброци.
Детекторот за глутен чини 279 долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK