Ducati со нова линија електрични тротинети и велосипеди

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Ducati објавија дека како резултат на новиот договор за лиценцирање со MT Distribution, компанијата ќе пушти во продажба нова линија на електрични тротинети и велосипеди, а тоа ќе се случи до крајот на оваа година.

Во новата линија на персонализирани превозни средства на Ducati се вклучени седум понуди од кои четири електрични тротинети и три електрични велосипеди брендирани како Ducati, Ducati Corse и Ducati Scrambler, а секој од нив се одликува со уникатни дизајн елементи и решенија, дело на Ducati Desing Centre и Italdesign.

Првите два скутери, кои беа лансирани на пазарот од Ducati се Cross-E и Pro II. Првиот од нив е според офроуд апликација и доаѓа со мотор од 500W, а благодарение на батеријата (375 Wh) ветува автономија од 30 до 35 километри при просечна брзина на движење од 15 км/ч.

Ducati Pro II е опремен со електромотор со 350W, батериски блок 280Wh и ветува слободен опсег од 25-30 километри.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK