И тоа се случи – Volvo повлекува автомобили!

ОБЈАВЕНО НА:

Некои работи се за неверување, а токму таква е последната вест од автомобилската индустрија според која Volvo ќе отпочне со повлекување на XC90.

Шведскиот производител веќе со децении е вистинска дефиниција за квалитет и безбедност во авто светот, а сега ќе мора некако да се носи со овој, за Volvo несекојдневен настан.

Според пишувањата, Volvo ќе ги повлече сите автомобили од моделот XC90 произведени во периодот од 27 август 2014 до 24 април 2016 година. Причината за ова е ризикот од појава на пожар поради истек на разладната течност.

Целосното повлекување ќе започне кон крајот на овој месец, а ќе биде на товар на самиот производител.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK