Апликации за пешаци зависни од смартфони

ОБЈАВЕНО НА:

Направената анализа и статистиката добиена од неа покажува дека смртните случаи кај пешаците, поради гледање во смартфонот додека поминуваат улица се зголемиле драстично и поради тоа се појави нова апликација која ги предупредува загледаните во своите смартфони за опасност на патот.

Специјалната нова апликација е бесплатна и е базирана на таканаречена вештачка интелигенција. Идејата е да бидат предупредени пешаците кои не се вртат и не слушаат поради слушалките во своите уши додека минуваат автомобилите. Системот е доволно сложен.

На база на вештачката интелигенција ќе се собираат податоци од „паметните“ семафори во близина, ќе се отчитуваат метеоролошки слови, сообраќај и брзина на движење на автомобилите.

На тој начин опцијата „Зависност од паметните телефони“ ќе бидат збогатени со соопштение директно на екранот и со силен звук од говорниците на телефонот или во слушалките.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK