Новиот Fiat Cronos до крајот на март ќе се појави на пазарот

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот автомобил кој доаѓа од фабриката на Fiat и е наречен Cronos во неколку работи наликува на Argo кој беше претставен неколку месеци порано во 2017 година. Внатрешноста на Cronos e речиси идентична како кај Argo. Првите фотографии од надворешниот изглед на новиот Cronos се појавија кон крајот на ноември, а веќе е направен и планот кога ќе стартува продажбата на ова возило во Јужна Америка.

Тоа би требало да се случи најдоцна до март, а притоа се вели дека најголемиот ривал овој модел ќе го има во неодамна претставениот Volkswagen Virtus. Без разлика на тоа од Cronos се очекува да биде замена за моделите на Fiat, Linea и Grand Siena.

Разликата меѓу моделите Argo и Cronos е во задниот дел каде што Cronos има голема предност поради поголемиот простор од дури 500 литри.

Од моторот кој ќе биде достапен за овој автомобил се споменуваат агрегат од 1.3 литри со 109 коњски сили и 1.8 литри со 139 коњски сили. Од менувачите во комбинација се петостепен мануаелен, петостепен GSR автоматизиран мануелен и шестостепен автоматик.

Cronos ќе се произведува во фабриката на Fiat, во Кордоба, Аргентина.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK