И Белорусија ќе прави „сопствени“ автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Белорусија започнува сопствено производство на патнички автомобили, објавија локалните медиуми, цитирајќи го директорот на заедничкото вложување BelGee, Генадиј Свидерски.

Веќе есенва, првите возила треба да ја напуштат фабриката на претпријатието во Жодино, на 20 километри од централната канцеларија во градот Борисов.

Како и новите руски автомобили со марките „Москвич“ и „Лада“, белорускиот автомобил практично ќе биде кинески модел со променет амблем. Во овој случај, зборуваме за кросоверот Geely Coolray.

„BelG“ е заедничко вложување на белоруската држава и кинескиот гигант Geely, сопственик на Volvo, Lotus и има удел и во Mercedes-Benz. Coolray, познат во Кина како Geely Binyue, е компактен кросовер, на пазарот од 2019 година. Сè уште не е јасно како точно ќе се вика нејзината белоруска верзија.

Во последниве години, Geely се етаблира како најголем играч на белорускиот автомобилски пазар, престигнувајќи ја дури и Lada. Во 2022 година, Coolray беше најпродаваниот кросовер во земјата, пред два други модели на Geely – Atlas Pro и Tugella. Во патничките автомобили, Лада Веста и понатаму е лидер, пред Kia Rio и VW Polo Liftback.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK