Брендот што е прогласен за „најдобро за вложеното“ оствари рекордни резултати во првиот квартал од 2023 година, заедно со најдобриот пазарен удел досега. На пазарите каде се присутни Dacia продаде 171.789 возила (патнички + леснотоварни) забележувајќи пораст од 34,3 отсто во споредба со истиот период лани.
Благодарение на успешното лансирање на новиот бренд идентитет, пазарниот удел на Dacia на европскиот пазар порасна за 0,8 отсто, на највисоките досега 4,6 отсто. Тоа е највисок скок меѓу 30-те автомобилски брендови.
Најголем од дел од продадените возила се од марката Sandero (68.318 возила), а потоа следува Duster (57.660) и Jogger (23.330 возила)
Во Франција кој е најголем пазар за брендот, се продадени 38.938 возила во првио тквартал и забележан е скок од 32,6 отсто во однос на 2022. Таму пазарниот удел на Dacia е 7,6 отсто. Четири модели на компанијата се меѓу Топ-10 најпродавани (Sandero, Spring, Duster и Jogger)
Италија е вториот најважен пазар за Dacia, и таму се продадени 25.142 возила (зголемување од 29,7 отсто) и зафаќање од пазарнио тколач од 5,3 отсто. За првпат брендот е најдобро продаван меѓу првиватните купувачи, каде има удел од 9,6 отсто.
acia очекува позитивни продажни импулси во 2023 година од своите нови производи меѓу другото. Марката ја продолжува успешната приказна на Jogger и ја проширува гамата со првиот хибриден погон од Dacia.
Новиот мотор ќе биде достапен од крајот на летото и ќе постави нови стандарди во однос на возната моќ, удобноста и економичноста на горивото. Има новости и на Dacia Spring – брендот одговара на успехот на својот урбан електричен автомобил со додавање на втор, помоќен мотор. Новата варијанта на моделот ќе биде достапна од лето.